Име и презиме: Даниела Тодевска

Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација: Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, вонреден професор, наставно-научна област зеленчук/градинарство.

Образование: Додипломските студии ги завршив на Земјоделски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на општа насока, по што продолжив на втор циклус студии на истиот факултет, на насока нивско производство. Докторските студии ги завршив во Скопје на Факултетот за земјоделски науки и храна во 2015 година.

Краток професионален профил: По завршувањето на втор циклус студии започнав да работам како менаџер во Центар за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството – ЦИПОЗ при Земјоделски факултет во Скопје. Работата беше навистина исполнета со многу предизвици, но и многу убави моменти кои причинуваа задоволство, пред сѐ поради фактот дека една замислена институција прераснува во сериозна фирма со лојални клиенти. Мојот претприемачки дух не застана тука, бидејќи бев и менаџер на меѓународна компанија од Израел. Во 2016 година бев избрана за насловен доцент на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во 2017 година се вработив како доцент на Факултетот за технолошки науки при Универзитет ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Пријатната работна атмосфера, колегијалноста, вредните и доблесни студенти беа основен мотив  во 2018 година да стапам во редовен работен однос на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Во три збора би се опишал/а себеси како: Лојална, чесна и позитивна.

На УГД се вработив (кога и како): Во 2016 година станав насловен доцент на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, по што во 2018 година бев избрана за доцент во наставно-научната област зеленчук/градинарство, во истата област во 2021 година сум избрана за вонреден професор.

УГД ми помогна во мојот професионален развој преку: Да се биде дел од тимот на УГД причинува вистинско задоволство, но во исто време и голема одговорност. Посветеноста кон работата, новите знаења, примената на дигитализацијата во образованието беа клучните елементи кои беа двигател на мојот професионален развој во оваа институција. Можностите кои се нудат во научно-истражувачката работа, меѓународната соработка, отворениот пристап кон нови идеи, поддршка од раководниот кадар, за мене се значаен поттик да работам и создавам во оваа институција.

Во врска со УГД најмногу ми се допаѓа: Академската слобода, поддршката на нови идеи, довербата во вработените, работната атмосфера, соработката со домашни и странски институции, професионалниот и пријателски однос со студентите.

Омилен дел од мојата работа: Работата со студенти, истражување, поставување опити, давање стручни мислења и решавање на проблемите кои се јавуваат во компаниите кои се занимаваат со производство на зеленчук.

Од професионални достигнувања издвојувам: Покрај бројните научноистражувачки трудови, присуство на меѓународни конференции, учество во проекти, подготовка на материјали и книги за студентите, монографии и сл.. Како многу значаен дел од моето професионално доусовршување би го издвоила моето учество на интернационална стручна посета и работилница од 3 до 15 април 2016 г. во Израел на тема Climate change and Agriculture.

Методологија која ја користам во работата со студентите: Покрај наставата во амфитеатар, сметам дека практичната настава има најзначаен импакт врз знаењето на студентите во областа на земјоделието. За таа цел континуирано се залагам да организирам стручни посети во професионални производни капацитети во нашата земја, но и во земјите во регионот како Грција, Албанија и Србија. Досегашното искуство покажа дека овие посети ги менуваат видиците на студентите и влијаат врз модификациите во нивните семејни земјоделски стопанства. Исто така значаен сегмент во мојата работа е поддршката и подготовката на студентите за учество на научноистражувачки конференции и презентација на нивни трудови.

Најважно во работата со студентите е: Најважно за мене е на студентите да им пренесам знаење, да прераснат во стручни агрономи кои ќе бидат барани на пазарот на труд.

Животна мудрост која ја споделувам: Да живееш значи дека треба да оставиш трага од твоето постоење.

Книга, видео, филм, поткаст или настан кој би го препорачал/а: Собата на пеперутките од Лусинда Рајли – книга, 911/Итна служба – серија.

Совет за младите како идни студенти: Бидете постојано посветени на учењето и стекнувањето нови знаења, живејте го животот со полни гради и уживајте во него.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.