Име и презиме: Мите Илиевски

Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација: Земјоделски факултет, УГД – Штип, редовен професор во научната област по растително производство на житни растенија.

Образование: Додипломските, магистерските и докторските студии се реализирани на Земјоделскиот факултет и на Факултетот за земјоделски науки и храна на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Краток професионален профил: По завршување на додипломските студии на општа насока се вработив во Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица, а по магистрирањето во областа на растително производство на клубенести култури бев избран за асистент истражувач во Институтот. Докторирав во 2009 година во областа на растителното производство на житните растенија и бев избран како доцент на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип. Денес работам како редовен професор на Земјоделски факултет, а сум ангажиран и како наставен предавач на Технолошко-технички факултет. Од 1998 година до денес континуиранo работам на научноистражувачка дејност во растителното производство, а по основањето на Универзитетот сум и член на Катедрата за растително производство на Земјоделскиот факултет на УГД – Штип. Автор и коавтор сум на повеќе од 100 научноистражувачки студии, научно-стручни поглавја, монографии и учебници и учебни помагала. Нашата научноистражувачка дејност е меѓународно препознатлива и цитирана во референтни научни бази. Континуирано сум вклучен во тековни и реализирани национални и меѓународни проекти.

Во три збора би се опишал себеси како: Праведен, динамичен и искрен.

На УГД се вработив (кога и како): Со основањето на Универзитетот, а за доцент бев избран од Наставно-научниот совет на Земјоделскиот факултет во 2009 година.

УГД ми помогна во мојот професионален развој преку: Вмрежување и континуирана соработка со други институции и научни центри, каде што истражувачите имаат можности постојано да се надградуваат. Како дел од овој развоен систем на Универзитетот имав бројни можности за професионално надградување и учество во проекти.

Од денешна перспектива можам да истакнам дека Земјоделскиот факултет како единица на Универзитетот, како и УГД во целост, располагаат со висококвалификуван кадар и модерни научноистражувачки инфраструктурни капацитети, коишто оставаат значаен белег во науката и високото образование на национално и глобално ниво.

Во врска со УГД најмногу ми се допаѓа: Соодветниот начин на  примена на концептот на високото образование, електронските алатки кои им стојат на располагање на сите заинтегрирани страни и перманентната развојна идеологија и енергијата кај вработените на секое ниво.

Омилен дел од мојата работа: Работата со студентите и истражувањата. Посебно би ги нагласил методолошките пристапи во приближувањето на биотехничките науки кон студентите, а особено важноста и можностите за растителното производство, концептите за производство на храна од различни аспекти и изнаоѓање на соодветни решенија во таквите системи.

Од професионални достигнувања издвојувам:  Генерирање на голем број успешни млади луѓе во областа на растителното производство кои се идните носители на стабилни и развиени општества, особено тргнувајќи од фактот дека храната е изворот на опстојливост и просперитет на секоја заедница.

Методологија која ја користам во работата со студентите: Отворен пристап на комуникација, прифаќање и почитувањето на различноста и разбирање на разликите во мислењата. Сметам дека на овој начин може да се обезбеди максимална успешност во преносот на знаење.

Најважно во работата со студентите е: Интерактивната соработка и преферирање на пракса за зголемување на вештините.

 Животна мудрост која ја споделувам: „Умот кој се проширил со нови искуства никогаш нема да се врати на својата стара димензија” – Оливер Вендел Холмс.

Книга, видео, филм, поткаст или настан кој би го препорачал: Би ја прeпорачал книгата „Моите изуми”- автобиографија од Никола Тесла и „Alexander the Great” од филмови.

 Совет за младите како идни студенти: Бидете упорни, снаодливи и свои, но нека ве следат и трпеливоста и одмереноста како особини. Така успехот нема да изостане.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.