Во рамките на ЕРАЗМУС програмата за професори, во периодот од 02 до 06 март, професор Joaqium Moreira da Silva од Универзитетот на Азорите, Португалија, одржа предавања пред студентите на Земјоделски факултет.
Покрај стручниот дел од областа на Сточарството, професорот Мореира акцентот на своите предавања го стави и на можноста за соработка и апликација на нашите студенти за летна пракса или семестрален престој на нивниот Универзитет.
Професорот даде отворена покана за наставниот кадар и за студентска мобилност и подржана можност за апликација за престој на неговиот Универзитет.
Презентацијата и информациите кој ги сподели професорот со нашите студенти, побудија интерес и прашања за семестарален престој, број на испити и можна летна пракса.