Студентите на Земјоделскиот факултет, насока Градинарство (VIII семестар) и Растителна биотехнологија (VIII семестар), под менторство на проф. д-р Лилјана Колева-Гудева ја посетија компанијата „MKD VITRO“ во Виница, основана со холандски капитал.

Посетата беше реализирана како дел од практичната наставата по предмет Биотехнологија и биосигурност, бидејќи компанијата има високоразвиена технологија за производство на преку 200 вариетети на украсни растенија во лабораториски услови преку култура на ткиво.

Во текот на овој семестар студентите следеа предавања и практични вежби во Лабораторијата за растителна биотехнологија во НЦ - Струмица. Со посета на  компанијата „MKD VITRO“ во Виница, која се занимава со комерцијална микропропагација, студентите беа запознаени со сите чекори на технологијата за комерцијална микропропагација, од подготвување на подлога, преку размножување и пасажирање на материјалот, сѐ до негова подготовка за аклиматизација. Со оваа посета студентите имаа можност да се запознаат како научните методи што ги изучуваат во текот на семестарот се искористени за комерцијализација и реализација на бизнис. Важно е да се напомене дека во компанијата работи и еден дипломиран инженер-агроном од Земјоделскиот факултет при УГД – Штип, одговорна за подготвување на медиумите што се користат за микропропагација и вкоренување, што претставува најважен сегмент во ваков тип на производство.

Посетата има голема важност за студентите, бидејќи ваков вид на производство на цвеќе е уникатен и претставува една потврда дека иднината на модерниот аграр е во растителната биотехнологија.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.