Во изминатиот период, во рамките на програмата „Еразмус“, на студиската програма Биологија во склоп на Земјоделскиот факултет при УГД како гости присуствуваа Михал Балаж и Јозеф Мацко од Католичкиот универзитет во Словачка.
Поради специфичноста на областа на двајцата професори, тие одржаа теренска активност во областа на Слан Дол, Штипско. На студентите им ги презентираа биогеографските карактеристики на подрачјето, како и неговото значење. На теренот беа набљудувани претставници од орнито фауната и беа колекционирани различни морски фосили кои често можат да се сретнат во Слан Дол.