Студентите на Земјоделски факултет од Наставниот центар во Струмица, во рамките на предметот Органско производство за кој предметен наставник е проф. д-р Љупчо Михајлов, на 19 март реализираа посета и теренска настава на органска фарма во село Баница, во близина на Струмица.

Производство на зеленчук во заштитен простор, како и шпалирно производство на органска јаболка. Најголемиот дел од производството се реализира во модерни и добро опремени пластеници и во моментот се одгледуваат домати, моркови, лук, кромид, а се подготвуваше и расадот за другите видови на градинарски култури.

Освен производство се врши и пакување на производите и тие се дистрибуират во поголемите маркети и продавници специјализирани за продажба на органски производи. Центарот е опремен и со сушилница, каде што производството од втора и трета класа се препработува и се пакува како сушено овошје и зеленчук, а исто имаат и комора во која на 4ºC се чуваат плодовите. Студентите дознаа повеќе за начинот на ѓубрење, заштита на културите од болести, штетници и плевели, за начинот на наводнување и одржување на условите за органско произвоство. Исто така се дискутираше за исплатливоста од овој начин на произвоство, за пласманот, за процесот на сертификација, контролите, периодот на конверзија и за најголемите проблеми и пречки.

Беше потенцирано значењето на спроведувањето на органскиот начин на производство во оваа органска фарма и од аспект на реинтеграција, ресоцијализација и лекување на зависниците од болестите на зависност. Оваа специфична органска фарма, воедно и терапевтска заедница под името „Покров“, функционира 10 години и за целата економија и извршување на секојдневните работни обврски се задолжени зависниците. Во слободното време во континуитет им се организирани третмани за нивно психотерапевтско лекување, третмани за ресоцијализација, како и можности за активно спортување во современо опремената просторија за вежбање, која е во склоп на центарот.

На крајот од посетата студентите добија препорака и охрабрување да започнат со органско производство поради исплатливоста, добриот пласман и пред сѐ да имаме производство на здрава нетретирана храна и зачувување на околината.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.