Во периодот од 26 до 30 ноември, наставнички кадар од Земјоделскиот факултет учествуваше на XV Советување за заштита на растенијата кое се одржа на Златибор.
Советувањето беше одлична можност за спој на научните истражувања од областа на заштитата на растенијата, како и можност за остварување на идни проектни активности.
Исто така, плодна работа од учеството на Советувањето беше и остварување можност за одржување на настава на врвни професори во својата област во делот како визитинг професори.
Голем број излагачи кои беа присутни на Советувањето добија покана за учество на II Меѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АПН 2019), организирано од Земјоделскиот факултет, кое ќе се одржи на 12 април 2019 година во Штип.