Студенти од Земјоделскиот факултет од втора, трета и четврта година од Наставен центар Штип и Струмица, заедно со проф. д-р Верица Илиева, проф. д-р Драгица Спасова, проф. д-р Мите Илиевски, проф. д-р Душан Спасов, д-р Билјана Атанасова и дипл. инж. агр. Иван Донев, минатата недела го посетија Земјоделскиот институт во Карнобат, Р. Бугарија.

Првиот ден од посетата се поклопи со настанот „Отворен ден: Иновации во земјоделието“, кога студентите ја имаа можноста да остварат блиска средба и да присуствуваат на презентации на голем број стопански субјекти од областа на земјоделието, кои се во тесна соработка со Институтот.

Покрај тоа, студентите имаа прилика да се запознаат со работата на институтот, а потоа и со лабораториите и опитните површини каде ја реализираат нивната научна и апликативна работа.

Следните денови студентите практично се запознаа со техниките на хибридизација кај јачмен и овес, почнувајќи од подготвување на родителските растенија, кастрирање, опрашување и нивно одгледување до зрелост.

Студентите ги посетија и површините на кои е организирано биолошко и биодинамично производство.

Посетата во целост беше одлично организирана од нашите исклучително љубезни домаќини, со исклучителна отвореност за соработка. На нивно задоволство, студентите покажаа голем интерес за се што можеа да видат и слушнат.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.