На 10 и 11 мај, Земјоделскиот факултет при УГД успешно го организираше првото научно-стручно советување „Агронаука и пракса“. Прекрасна врска помеѓу науката и праксата, споделување на многу искуства и проблеми со кои реално може да се соочат производителите.
Советувањето беше одлична можност за размена на контакти помеѓу претставници од универзитети, институти, како и фирми со колеги од Бугарија и Србија.
Поголем дел од присутните беа во посета на научноистражувачкиот центар на Земјоделски факултет, лабораторијата УНИЛАБ, од каде што се отвораат можности за нови идни плодни соработки.
До следната средба, благодарност до сите кои покажаа интерес и беа присутни на советувањето, со можност догодина да се видиме во многу поголем број.