Тимот на УНИЛАБ, по покана на Лабена Дооел - Скопје фирма застапник на современа и модерна лабораториска опрема, во периодот 20 и 24 април присуствуваше на два работни семинари на теми:
- Семинар „Модерна аналитика во винарството“ и презентацијата на ФОСС брзи анализатори, со потекло од Данска, глобален снабдувач на хајтек, аналитички решенија кои главно се користат во земјоделската (винарската) индустрија;
- Семинар „Иновативни брзи тест решенија и модерна аналитика кај жито и производи од растително потекло“ и
- Презентација на РОМЕР ЛАБС, потекло Австрија, која е водечки глобален снабдувач на дијагностички решенија за безбедност на храната и добиточната храна и широк спектар на иновативни тестирачки решенија и услуги кои опфаќаат микотоксини, патогени за храна, алергени за храна, глутен, ГМО, остатоци од ветеринарни лекови и други загадувачи на храна.
Имајќи предвид дека УНИЛАБ е акредитирана лабораторија која работи по стандард ISO 17025: 2016 и во внатрешната организациска структура има своја политика на квалитет која предвидува постојана обука на персоналот во лабораторијата и следење на модерната аналитика и сѐ што е поврзано со методологијата што ја работи УНИЛАБ, посетата на овие семинари од кои присутните се стекнуваат со сертификат има големо практично значење за имплементација на презентираното на семинарот во пракса на УНИЛАБ.