Претставници од Земјоделски факултет неодамна беа во посета на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, со цел да ги презентираат условите за студирање на Универзитет „Гоце Делчев“, како и промовирање на можностите што ги нуди Земјоделскиот факултет на тековните и на идните студентите.
Доц. д-р Биљана Балабанова ги запозна идните студенти со начинот на студирање, електронскиот индекс и начинот на функционирање на системот на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Воедно, студенти на прв и на втор циклус студии на Земјоделски факултет со огромно задоволство пред матурантите ја раскажаа својата позитивна приказна и нивното искуство во текот на студирањето, како и причина плус зошто нивниот избор е токму Земјоделскиот факултет.
„Нашите студенти се нашите најголеми и најискрени промотори, тие се огледало на успехот на факултетот и затоа на оваа промотивна можност особено ја потенцираа предноста на студирање на УГД: најсовремена и најмодерна инфраструктура, комплетно опремени лаборатории, практична и теренска настава, како и можност за посета на институции надвор од Македонија (меѓу универзитетската соработка). Матурантите секогаш имаат отворена покана да бидат гости на Земјоделски факултет и пред поднесување на пријава за факултет да ги видат одблизу условите за нивното понатамошно академско чекорење“, велат од Земјоделски факултет на УГД.
Посетите на средношколците ќе продолжат и во текот на наредниот месец, со цел тие да се запознаат со можностите што ги има овој факултет.