Почетоците за издавачка дејност на Земјоделскиот факултет датираат уште од 2000 година со публикување на Зборникот на апстракти 1990-2000 на тогашната Јавна научна установа Институт за јужни земјоделски култури – Струмица.

Публикувачките активности на Институтот продолжија од 2001 до 2006 година со објавување на годишни зборници на трудови на ЈНУ Институт за јужни земјоделски култури – Струмица.

Првиот број на Годишниот зборник на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип е објавен во 2007 година, во годината на неговото основање, со што воопшто не се запре со издавачките активности, кои се неспорен доказ за објавување на научните и истражувачки активности, пред сè на истражувачкиот кадар на факултетот, но и на пошироката фела од земјоделските области во државата и во регионот. Годишниот зборник на Земјоделскиот факултет се објавуваше во континуитет од 2007 до 2016 година.

Со Одлука на Наставно-научниот совет од 6 април 2017 година на Земјоделскиот факултет се дава иницијатива за трансформирање на Годишниот зборник во меѓународно списание, нашиот факултет продолжи со објавување меѓународно списание „Journal of Agriculture and Plant Science -  JAPS“, а првиот број вол. 15 беше објавен како продолжение на  Годишниот зборник во 2017 година.

Денес со гордост може да се каже дека JAPS е меѓународно списание кое ги интегрира најновите научноистражувачки резултати во научни трудови на истражувачите од нашиот факултет, од државата, регионот и пошироко.

JAPS e индексирано списание во дата базите EBSCO и DOAJ.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.