На Свечената академија по повод 11 години од успешното постоење на УГД беа доделени пофалници за најдобрите студенти меѓу кои своето заслужено место меѓу најдобрите го имаа и студентите на Земјоделски факултет.
Моника Глигорова и Симона Ристеска, дипломирани земјоделски инженери агрономи – заштитари, дипломираа со среден успех 9,82.
Трудот, упорноста и амбицијата на секој млад студент кој го дава максимумот од себе на крај секогаш резултира со голем успех.
Овие пофалници нека бидат пример и поттик за секој нареден студент да биде дел од најдобрите студенти, а како награда освен пофалница ќе биде и можноста да се продолжи приказната со континуирано продолжување во продлабочување на знаењето кон нови предизвици, кон следен чекор на студирање – втор циклус на Земјоделски факултет.