На 1 септември 2025 година во свечената сала на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, со почеток во 10 часот, се одржа јавна одбрана на магистерски труд со наслов „Морфолошко-производни карактеристики, хемиски состав на зрното и нивната генетска поврзаност кај некои сорти на пченица (Triticum aestivum L.) одгледувани во Кочанско“ од кандидатот Иван Минов, дипломиран инженер агроном.

Јавната одбрана на магистерскиот труд ја отвори претседателот на Комисијата за оценка на магистерски труд, проф. д-р Наталија Маркова-Руждиќ, редовен професор на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип, посочувајќи дека стекнувањето високо образование, преку првиот и потоа и вториот циклус на студии, претставува свесно вложување на знаења, вештини и искуства во личниот и професионален развој. Потоа следеше елаборирање на кратка биографија за кандидатот и резиме со податоци за текот на постапката за пријавување, оценка и одбрана на магистерскиот труд.

Магистерскиот труд е работен под менторство на проф. д-р Верица Илиева, редовен професор на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип. Целта на овие истражувања беше да се испита варијабилноста на приносот и компонентите од кои зависи приносот, како и некои хемиски карактеристики на зрното и нивната меѓусебна поврзаност кај некои новоинтродуирани сорти пченица одгледувани во Кочанскиот регион, во споредба со две сорти кои се широко застапени во производството на пченица во РСМ. Проценката на генотипската и фенотипската варијабилност на приносот и неговите компоненти, утврдениот степен на наследност (херитабилноста) и корелациската анализа на испитуваните својства се во прилог на постигнување на поставените цели.

Трудот беше оценет пред Комисија за оценка на магистерскиот труд во состав:

  • проф. д-р Наталија Маркова-Руждиќ, редовен професор на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претседател и член;
  • проф. д-р Верица Илиева, редовен професор на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ментор и член и
  • проф. д-р Биљана Балабанова, редовен професор на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Магистерскиот труд на Иван Минов претставува оригинален научно заснован со висока практична применливост за селекцијата на сорти погодни за одгледување во источниот дел на Република Северна Македонија и основа за понатамошна научна работа во селекцијата и реонизацијата на нови сорти пченица. 

Комисијата донесе едногласна одлука за успешна одбрана на магистерскиот труд, а кандидатот Иван Минов се стекна со титулата магистер на земјоделски науки – селекција и семепроизводство.

Честитки до Иван за успешно одбранетиот магистерски труд. Му посакуваме уште многу значајни успеси, инспиративни предизвици и личен и професионален напредок во иднина.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.