
Проф. д-р Димитар Наков од Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип одржа предавање по покана на Работилница во рамки на Еразмус плус проектот „Advancing Green Agricultural Enterpreneurship in Secondary VET Schools (Green Agripreneurs)“.
На 30 јуни Работилницата се одржа во Лариса, Грција. Цел на Работилницата беше запознавање на наставниците од средните стручни училишта од земјоделско-ветеринарна струка за одржливи земјоделски практики и обука како да ги имплементираат овие практики во наставните курикулуми.
На обуката учествуваа 16 наставници, по четири наставници од четири средни стручни училишта од Словенија, Србија, Северна Македонија и од Грција. Преку практични примери наставниците имаа можност да се запознаат со методите на активна настава и учење со кои во иднина ќе се служат кога ќе предаваат теми поврзани со одржливи земјоделски практики.
Наставниците од средните училишта поминаа обука за интегрирање на темите за одржливо земјоделско производство во наставните курикулуми. Последниот дел од Работилницата беше насочен кон структурно усогласување на поставените цели, очекувани резултати и оценување на учениците кога ќе изучуваат теми поврзани со одржливи земјоделски практики.