Во периодот од 16 до 18 јуни, Земјоделскиот факултет беше домаќин на еден исклучително значаен настан – „вкрстена посета“ (cross-visit) во рамките на проектот „КАРБОНИКА“, на кој партнерите од Интербалкан центар за животна средина (Interbalkan Centre for Environment i‑BEC) од Солун, заедно со претставник од   ЕРАТОХЕНЕС Центарот за извонредност (ERATOSTHENES Centre of Excellence – EcoE) од Кипар ги презентираа напредните иновативни практики и изградија нови стратегии кон заедничка регионална соработка. Согласно со програмата на посетата, беше реализиран меѓупартнерски  состанок со презентации на тековни активности на трите екосистеми во проектот, Северна Македонија, Грција и Кипар. Клучните предизвици на проектот „Карбоника“ – мониторинг, мерење и верификација на јаглеродот во земјоделството, беа во фокусот на дискусиите на претставниците од националните и регионалните партнери.

Следниот ден беше резервиран за работилници и технички состаноци. Експерти од Солун и Кипар (ERATOSTHENES) споделија искуства и конкретни методологии коишто вклучуваат примена на современи и иновативни технологии за унапредување на јаглеродното земјоделство. Работната група беше посветена на конструктивна дебата  за предизвиците и можните решенија – од дигитализација и употреба на сензори до моделски анализи на податоци преку софистицирани платформи.

Во склоп на посетата, работната група реализираше посета на експерименталните полиња при Земјоделскиот факултет на локалитетот во с. Амзабегово (УНИ-СЕРВИС АГРО). Присутните имаа можност за директен увид на тековните експериментални активности и усогласување на протоколите за заеднички пристапи во експерименталната работа. Покрај наведеното, присутните реализираа и посета на лабораторискиот центар УНИЛАБ, при Земјоделскиот факултет, каде што беа проследени лабораториските протоколи за квалитетот на почвата преку агрохемиски анализи.

Во тридневната посета владееше атмосфера на отворена соработка и трансфер на знаења и искуство. Претставниците од партнер институциите i‑BEC и ERATOSTHENES детално ги разгледуваа локалните услови и протоколи, со корелативен пристап од искуствата добиени од двата екосистеми на Кипар и Грција. Од друга страна, домаќините ги запознаа гостите со контекстот и потребите на македонското земјоделство – клима, почва, пазар и политички рамки.

Генерално, посетата резултираше со издвојување на значајните аспекти на соработка, вклучувајќи:

  • Имплицирано надградување на научниот капацитет, преку пренесување на конкретни методологии и јакнење на локалните експерти;
  • Интензивирање на заедничка соработка, која продолжува со нови проекти и активности, вклучувајќи размена на сензорски податоци и научни публикации;
  • Практична подготовка и валидација, каде што системите инсталирани на експерименталните полиња да бидат ставени во реален тек на имплементација.

Реализацијата на оваа посетата претставува клучен момент во поврзувањето на регионалниот конзорциум, како и споделување на практики и технологии помеѓу трите екосистеми во проектот КАРБОНИКА. На овој начин се засновани основните постулати на соработка за реална трансформација на јаглеродното земјоделство: од теорија кон практика и од локално кон регионално.

Подетални информации за проектот може да се најдат на следниов линк: https://carbonica-hub.eu/  

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.