Професори од Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип на 4 и 5 јуни оваа година присуствуваа на 100-годишниот јубилеј од основањето на Институтот по земјоделиe во Карнобат, Република Бугарија. Чест и задоволство беше да се прифати поканата од страна на нашите драги соработници и ценети колеги од Институтот.

Јубилејниот настан започна со свечена академија, отворена со краток филмски запис насловен како „Патот кон науката: 100 години Институт по земјоделие, Карнобат“, а потоа следуваше промоција на научни и стручни публикации и свечена вечера.

Според агендата, на 5 јуни беа посетени опитните површини на Институтот, при што беа презентирани најновите достигнувања на научните работници во областа на селекција и семепроизводството на јачменот, пченицата и овесот.

Добивме информации и за тековните и идни проектни активности кои ги има Институтот по земјоделие, како и отворените повици за заемна соработка.

На овој свечен настан, освен што присуствуваа научни работници од Македонија, присуствуваа и колегите од Турција и од Казахстан.

Присуството на овој значаен настан претставува потврда за континуирана и професионална соработка меѓу Земјоделскиот факултет при УГД и Институтот по земјоделие во Карнобат, Република Бугарија.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.