На 23.5.2025 година се одржа КАРБОНИКА ВЕБИНАР под наслов „Мерење на јаглерод во почвата, промена во подем: увид во состојбите за одредувањето на јаглеродот“.
Главен фокус на вебинарот беше даден на напредните методи и технологии за мерење на јаглерод, со акцент на нивната примена во различни индустрии и нивната улога во борбата против климатските промени.
На вебинарот учествуваа експерти од областа на земјоделските науки, животна средна и претставници од релевантни институции, земјоделски производители, студенти на земјоделскиот факултет, кои споделија свои искуства и истражувања во врска со точноста и ефикасноста на техниките за мерење на јаглерод.
Клучни проблематики и дискусии на вебинарот беа содржани во излагања за следниве тематики:
- Компаративна анализа на трошоците за одредување на јаглерод во почвата – земјоделство за позелена иднина – говорник проф. д-р Биљана Балабанова;
- Лабораториска валидација на методологија за одредување на јаглерод - говорник м-р Александар Пиперевски;
- Иднината на лабораториската наука – справување со предизвиците на дигиталната транзиција – говорник Кристина Панев.
Учесниците ја истакнаа важноста од интеграција на новите технологии во процесот на мерење на јаглерод и потребата од меѓународна соработка за развој на унифицирани стандарди и методологии.
Вебинарот се одржа во склоп на активностите на проектот КАРБОНИКА (ХОРИЗОНТ ЕВРОПА), подетални информации за проектот може да се најдат на следниов линк: https://carbonica-hub.eu/