Во периодот од 2 до 6 јуни 2025 година, Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип беше домаќин на тројца научни соработници од Институтот за поледелски култури во Чирпан, Бугарија: д-р Стојан Георгиев, д-р Рангел Драгов и д-р Валентина Димитрова.

Посетата претставуваше дел од интензивирањето на регионалната научна соработка во областа на земјоделските науки, производството на храна и заштитата на животната средина.

Во рамките на нивниот престој беа реализирани значајни активности. Гостите од Институтот одржаа тематски излагања за современи истражувања во доменот на одржливо производство на житни култури и адаптација на растенија на климатски промени. Воедно, беа претставени тековни научни проекти во кои учествува Институтот во Чирпан. Организирани беа консултативни состаноци со професори и истражувачи од факултетот, при што беа разменети искуства за методолошки пристапи во аграрните истражувања, како и дискусии за можности за заедничко учество во ЕУ-финансирани проекти.

Колегите беа запознаени со техничко-истражувачката опременост на факултетот и на УНИЛАБ лабораторијата, вклучувајќи претставување на лабораториските протоколи за контрола и квалитет на семе, методи за квалитет на вода и почва и агрохемиска анализа на почва. Беше организирана и теренска посета на експериментални полиња, а акцентот беше ставен на практиките на јаглеродно земјоделство и спроведување на агроеколошки мерки.

Во текот на работната недела од престојот, колегите од Институтот во Чирпан имаа можност да присуствуваат и на Конференцијата „BRAIN GAIN CONFERENCE – CARBONICA“ со тематика „Јаглеродно земјоделие во фокус: Глобални знаења и локални предизвици“, на која имаа можност да се вмрежат и со други истражувачи од земјата, производители и претставници од агробизнис компаниите.

Оваа посета го потврди статусот на Земјоделскиот факултет како атрактивна истражувачка институција во регионален контекст, отворена за меѓународна научна соработка и размена на знаење во клучни сектори како што се земјоделството, храната и животната средина.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.