Конференцијата „BRAIN GAIN CONFERENCE – CARBONICA“ со тематика „Јаглеродно земјоделие во фокус: Глобални знаења и локални предизвици“ се одржа на Земјоделскиот факултет на УГД во Штип.

Конференцијата е организирана со цел да се обединат експерти, иноватори, претприемачи и истражувачи од земјава и од дијаспората, за размена на знаење, искуства и идеи поврзани со иновации и карбон-неутрални технологии за одржлив развој на јаглеродното земјоделие.

- Проектот „Карбоника - јаглеродната иницијатива за земјоделство отпорно на климатски промени“, кој е финансиран од програмата Хоризонт на ЕУ,  има за цел да воспостави Центар на извонредност со кој ќе ги поврзе иновациските екосистеми на Грција, Северна Македонија и Кипар – изјави на отворањето на Конференцијата проф. д-р Биљана Балабанова.

Според проф. д-р Верица Илиева од Земјоделскиот факултет, целта на Конференцијата е трансфер на знаења.

 - За таа цел се присутни предавачи од локалниот тим на проектот и дополнително двајца наши експерти од дијаспората, професорот Кирил Бахчеванџиев од Универзитетот во Коимбра, Португалија, и колегата Кирил Маневски од Универзитетот Архус во Данска. На Конференцијата имаме трансфер на знаења од областа на јаглеродното земјоделство. Проектот е веќе во својата трета година од реализацијата. Земјоделскиот факултет работи активно на пилотирање на работни практики за јаглеродно земјоделство и развивање и валидација на методологии за мониторинг известување и верификација  на методологии кои понатаму ќе можат да се користат во шеми за сертификација на јаглеродни кредити, како резултат на складиран јаглерод во почвата и намалување во атмосферата на јаглеродниот диоксид. Тоа се практики кои на прв поглед може да се чини дека се познати и применливи во досегашните земјоделски практики, но во суштина тоа се практики кои се продолжение на традиционалните практики за одржлив развој, адаптирани на моменталната климатска состојба. Дополнително, тие им овозможуваат пристап на земјоделците до финансиски средства како резултат на сертификација на јаглеродни кредити – рече проф. д-р Илиева.

На две пленарни сесии, експертите разменија искуства за глобалните состојби и локалните предизвици, а Конференцијата заврши со работилница за вклучување на студентите од Земјоделскиот факултет на УГД.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.