Во реализација на практичната настава по предметите Биотехнологија и биосигурност и Култура на растителни ткива, кои ги слушаат студентите на Земјоделскиот факултет, во летниот семестар, на студиските програми во наставните центри Штип и Струмица, во петокот (16 мај 2025 г.) имавме практична наставна посета на комерцијалната лабораторија за in vitro растително производство во компанијата „Ирибов МК“.
Студентите практично се запознаа со целокупниот процес на in vitro размножување и биотехнологија на растенијата, кои се изведува исклучиво за комерцијални цели.
Земјоделскиот факултет има склучено Договор за соработка со компанијата „Ирибов МК“, каде што студентите можат да реализираат и пракса.
Со денешната посета беа разменети дополнителни идеи за продлабочување на соработката помеѓу Земјоделски факултет - Универзитет „Гоце Делчев” - Штип и компанијата „Ирибов МК“.
Огромна благодарност до менаџерскиот тим на „Ирибов МК“, за посветеноста и одговорноста на компанијата, за поддршката на Земјоделскиот факултет во сите активности, отворени денови, промоции, конференции и, се разбира, за можноста за практична настава и за вработување на нашите студенти.