Во периодот од 1 до 25 април 2025 г., во рамките на CEEPUS мрежата: M-SK-1516-05-2425 - BioScience, Food and Health, проф. д-р Димитар Наков престојуваше на Универзитетот „Мендел“ во Брно, Факултет за земјоделски науки.

При посетата се оствари средба со продеканот на Факултетот, при што се разговараше за можностите за идна соработка. Проф. д-р Наков му беше гостин на проф. д-р Петр Слама од Одделот за морфологија, физиологија и генетика на животните. Пред колегиумот на Одделот, проф. д-р Наков ги презентираше студиските програми и лабораториските ресурси на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Северна Македонија. Согласно со Програмата за мобилност, проф. д-р Димитар Наков одржа предавања за студентите на теми од неговата потесна научна област поврзани со хигиената и безбедноста во синџирот на производство на млеко.

Голема благодарност до Националната CEEPUS канцеларија на Чешка при Чешката национална агенција за меѓународно образование и истражување за одобрената мобилност и можностите за идна соработка со колегите од Факултетот за земјоделски науки при Универзитетот „Мендел“ во Брно.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.