Во рамките на задолжителната практична настава за студентите од втора година на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на 30 април 2025 година беше реализирана посета на МИК - Свети Николе и Фарма за одгледување зајаци во околината на Свети Николе.
Студентите се запознаа со гранка на сточарското производство и технологијата на преработката на месо и производи од месо во Република Северна Македонија.
Искрена благодарност до сопствениците и вработените за реализираната практична настава и соработката која ќе продолжи и во иднина.
Теренска настава е во функција на полесно запознавање на студентите со реалните процеси во производството на храна, предизвиците и можностите за пронаоѓање на идната практична настава и вработување.