На 29 април 2025 г. (вторник) на Земјоделски факултет се одржа дегустаторска вежба на храна (традиционален леб, млечни и сувомеснати производи) и пијалаци (бели, розе и црвени вина, ракии и сокови).
Дегустацијата се реализираше во рамки на предметите Сензорна анализа на производите и Сензорна анализа на вино, на која учествуваа дел од студентите од трета и од четврта година од студиските програми Безбедност на храна и Лозарство и винарство.
Благодарност до Млекарница „Ѓоргиеви“ за поддршката и преубавите млечни македонски производи.
Активностите со студентите во насока на практична подготвеност продолжуваат и понатаму со цел подготвеност на идните инженери агрономи за предизвиците во производството на храна.