Во тек на април, „Аг футура технологии“ во соработка со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип успешно ја спроведе пролетната сеидба на експерименталните полиња предвидени во рамки на проектот „КАРБОНИКА“.

Во втората експериментална година, по есенската сеидба на јачмен продолжува сеидбата на пролетните култури. Согласно со планирањата е извршена сеидба на пченка и сончоглед со примена на препорачани соодветни практики за намалување на емисијата на стакленички гасови во атмосферата, односно практики кои поттикнуваат поголема секвестрација на јаглеродот во почвата. За таа цел пченката е посеана во здружен посев со грав, а кај сончогледот ќе биде вклучен јачмен како покровна култура. Паралелно со практиките за јаглеродно земјоделство, кај истите култури се применети и конвенционалните практики, со цел споредба на резултатите помеѓу различните практики.

Дополнително, според конкретен план, за време на сеидбата беа спроведени и мерења со CARBONICA Toolbox, како концентрацијата на CO₂, температурата и влажноста на почвата, преку кои ќе бидат утврдени резултатите од овие истражувања.

Овие активности се дел од визијата на проектот „КАРБОНИКА“ за промовирање и поддршка на јаглеродното земјоделство како можно решение за одржливо производство и намалување на емисиите на стакленички гасови. 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.