(Project code: 2024-1-CZ01-KA121-VET-000236594)
Како резултат на заедничка соработка на Земјоделскиот факултет, УНИЛАБ лабораторијата и Хемиското училиште во Пардубице, Р. Чешка, почнувајќи од 2018 г. Земјоделскиот факултет е домаќин на 9. група на студенти кои во изминатиот период користат кратки мобилности од две недели и долги мобилности во времетраење од три месеци.
Во периодот од 8 до 11 април, по покана од страна на Хемиското училиште, проф. д-р Емилија Арсов како експерт беше во посета на училиштето и се запозна со условите на училиштето и реализацијата на практичната настава.
Предавањата беа закажани и одржани пред група од неколку професори и 60-70 ученици кои беа дел од презентацијата.
Проф. д-р Емилија Арсов имаше презентација за Универзитетот и Факултетот, за да ги запознае присутните со условите и можностите за студирање, изведување на практична настава, лабораториски истражувања и научни експерименти во УНИЛАБ лабораторијата. Во текот на презентацијата за лабораторијата, проф. д-р Арсов направи директна конекција со УНИЛАБ лабораторијата во која во моментот двајца студенти од училиштето се на ЕРАЗМУС престој од три месеци. Студентите имаа можност да се обратат на својот јазик на своите соученици и да им ги покажат лабораториските ресурси.
Стручниот дел од предавањето беше на тема „Molecular techniques for plant pathogen diagnostics. Real time diagnostic techniques“.
Во текот на посетата, проф. д-р Арсов оствари средба и со студентите кои сѐ уште се тековни студенти во училиштето, а биле дел од ЕРАЗМУС престојот во УНИЛАБ лабораторијата.
Покрај проф. д-р Емилија Арсов, свое стручно излагање пред други групи од 60-тина студенти имаше и проф. д-р Димитар Наков, кој имаше стручно излагање на тема „Chemical and microbiological quality of milk (microbiology, proteins, etc.)“.
Прекрасен пречек и беспрекорна организација од страна на Хемиското училиште во Пардубице.
Посакуваме нашата меѓуинституционална соработка да продолжи успешно и понатаму.