Во периодот од 7  до 9 март 2025 година се одржа  5. Светска конференција за климатски промени и глобално затоплување во Виена, Австрија.

Проф. д-р Биљана Балабанова, како истакнат предавач во областа на загадувањето на животната средина, реализираше учество со усно излагање на тема „Следење на дистрибуцијата на антропогени елементи за евиденција  за долготрајни атмосферски депозиција во рудничките околини“. На Конференцијата учествуваа голем број научни работници, професори и истражувачи од повеќе од дваесетина земји во светот.

Оваа Конференција е еден од ретките собири каде што научници и истражувачите, како и претставници од индустријата се среќаваат на едно место. Учеството на оваа Светска конференција овозможи размена на идеи, состојби и решенија коишто се клучни за справување со климатските предизвици.

Присуството на ваков настан овозможува поврзување со експерти, активисти, инвеститори и институции од целиот свет. Ова може да доведе до нови соработки, проекти, а секако и поддршка за локални иницијативи. Во склоп на Конференцијата, учесниците имаа можност да ги посетат научноистражувачките центри при Техничкиот универзитет во Виена.

Покрај научната програма, Конференцијата опфати и социјална програма преку претставување на локалните историски знаменитости на Виена.

Дополнителни информации за научните содржини и реализирани активности може да се најде на веб-страницата на Конференцијата https://www.ccgconf.org/vienna-march-2025/ 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.