Под менторство на проф. д-р Даниела Тодевска, предметен наставник на група предмети од областа на градинарството и доц. д-р Биљана Атанасова, предметен наставник на група предмети од областа на заштита на растенијата, како и претставникот на компанијата „Агрис“, г. Стефан Трајков, дел од студентите од студиските програми Градинарство, Квалитет и безбедност на храна, Фитомедицина и Поледелство, на 8 април 2025 година ја посетија компанијата „Агрис“ во Република Грција.

„Агрис“ е водечка компанија со годишно  производство на расад од околу 100 милиони растенија од кои 30% е калемен расад. Компанијата го проширува своето влијание на пазарот со производство на семенски материјал од пченица и јачмен.

Студентите имаа можност да се запознаат со значењето на производство на квалитетен расад, технологија на калемење на расад, хидропонско одгледување и нови технолошки решенија кои се применуваат во заштитените простори.

Оваа посета е значајна за студентите од аспект на проширување на нивните знаења, согледувања и примена на технологиите за подобрување на агросекторот во нашата земја.

Имајќи предвид дека нашите студенти се директно поврзани со домашно производство, стекнатото теоретско знаење и практичното искуство од примената на современа методологија на производство може понатаму лесно да го применуваат за подобрување на своето производство.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.