На 10 април (четврток) студентите на Земјоделски факултет реализираа еднодневна теренска наставна активност со посета на современа оранжерија, која е во сопственост на фирма на наш дипломиран студент (https://marjan-mid.mk/) – вистински пример за успешно преточено знаење во агробизнис.
Оранжеријата е опремена со најсовремени системи за загревање и вентилација, што им овозможи на студентите да се запознаат и со технолошките иновации во современото земјоделско производство.
Под менторство на професорите проф. д-р Душан Спасов, проф. д-р Фиданка Трајкова и доц. д-р Билјана Атанасова и лаборант Емилија Пенева, студентите се запознаа со процесот на заштита на пиперката од болести и штетници – од превенција, преку мониторинг, до примена на биолошки и хемиски мерки.
Оваа активност не само што овозможи поврзување на теоријата со праксата, туку и ги инспирираше и мотивираше студентите да веруваат во сопствениот потенцијал.