Во рамките на Еразмус програмата за мобилност, колеги од Институтот по растителни генетски ресурси од Садово, Р. Бугарија, д-р Златина Ухр, д-р Теодора Ангелова и д-р Евгениј Димитров, остварија работна посета на Земјоделскиот факултет.
За време на престојот се реализираа петдневни обуки во периодот од 30 март до 4 април во УНИЛАБ лабораторијата на Земјоделскиот факултет.
Лабораториската работа беше систематизирана според претходно изготвен план за работа во одделите за контрола на семе и саден материјал, контрола на квалитет на храна, агрохемија и исхрана на растенијата, како и во Одделот за заштита на растенијата.
Работната посета отвори можности за зајакнување на соработката помеѓу двете институции, како и развивање на нови идни научни идеи за соработка и размена на знаење.
Голема благодарност до ЕРАЗМУС канцеларијата за поддршката и можностите за склучување на нови договори за соработка и партнерства.