На 28 февруари, дел од студентите имаа можност активно да се вклучат во поставување на опитот - сеидба на пролетен јачмен на опитна парцела на површините на Уни сервис агро.
Во опитот се вклучени седум различни сорти пролетен јачмен, поставени во три повторувања.
Опитот е под менторство на проф. д-р Љупчо Михајлов, раководител на Катедрата за растително производство.
Продолжуваат теренските и лабораториски активности за практично имплементирање на стекнатото теоретско знаење од страна на студентите под менторство на професорите од Земјоделски факултет.