
Во период од 2 до 3 март 2025 г., професори од Словенија, проф. д-р Рајко Видрих од Биотехнички факултет, Универзитет на Љубљана и проф. д-р Клемен Бохинч од Здравствен факултет, Универзитет на Љубљана, беа во посета на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Средбата се реализираше со цел проширување на веќе воспоставената соработка во рамки на CEEPUS (RS-1816-03-2526) и разгледување на можности за соработка преку Erasmus+ програмата, но и аплицирање на други повици за научни проекти.
На средбата присуствуваат повеќе професори со кои беа разменети голем број на идеи за соработка.
Професорите од Словенија ја посетија и УНИЛАБ лабораторијата и се запознаа со научните можности што ги нуди факултетот.