Во рамки на COST Action CA23123, Non-chemical weed management in medicinal and aromatic plants (MAPs) (weedingMAPs), како член на Management Committee, проф. д-р Даниела Тодевска учествуваше на состанокот кој се одржа на 18 и 19 февруари 2025 година во Братислава, Словачка.
На состанокот беа презентирани резултати од досегашното спроведување на акцијата и беа разменети искуства и модели за анализирање и колекционирање на податоци за лековити и ароматични растенија (MAPs) во земјите учеснички.
Работните групи изработија планови на активности за 2025 година и ги дефинираа задачите и роковите за нивна реализација.
Земјоделскиот факултет продолжува и понатаму активно со вмрежување, активности, соработка и реализација на проектните цели и идеи.