
Земјоделскиот факултет и Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството потпишаа Меморандум за соработка со цел да се зајакне соработката во делот на научните, стручните и апликативните мислења и практики од областа на земјоделството, водени од потребата за овозможување на обуки, семинари, консултации, како и научна и стручна пракса, како важни алатки во образовниот процес во земјоделската област.
Соработката меѓу високото образование и земјоделскиот сектор постојано се проширува, со цел зајакнување на мостот на пренесување на информациите кон производителите и примена на алатки за подобрување во земјоделското производство.