Последниот ден (14.11.2024 г.) од „Деновите на млади истражувачи“ беше посветен на дебатата со тема: Младите во земјоделското производство.
Ангела Живачки, агроном и млад истражувач во АгФутура Технологии, успешно ги водеше нашите млади соговорници во дебатата со која сакавме да го потенцираме значењето на производството на храна и како нашите тековни и идни студенти го пронашле своето идеално вработување.
Нашите тековни студенти Христијан Ристоманов и Радица Андонова, студенти во четврта година на Земјоделскиот факултет во НЦ - Струмица, имаа свое обраќање за изборот на факултетот и студирањето, а воедно и за учествувањето во семејниот агро-бизнис. Христијан и Радица се стипендисти на посебната стипендија наменета за студенти на земјоделските науки во соработка на двете Министерства (МОН и МЗШВ), во износ од 18.000 ден. месечна стипендија во времетраење од 9 месеци.
Јован Трајковски, компанија Агростарт и Клечовце од Куманово, го потенцираше фактот за сѐ поголемата потреба од едуцирани инженери агрономи за кои се нуди сигурно место на пазарот на трудот.
Марио Петковски, Раководител на сектор - Советување и едукација во земјоделството, во своето обраќање до студентите, се наврати на периодот од изборот на факултетот, начинот на студирање, ЕРАЗМУС - престоите во Португалија и Шпанија, првото работно искуство до моментот на стекнување искуство во АгФутура Технологии.
Филип Камчев, сопственик на Винарија „Киево“, исто така, имаше искрено споделување на своето искуство, од времето на факултетските денови и размената на искуство со ЕРАЗМУС - престојот во Португалија, како и за моментите на работа на сопствените лозови насади и производство на сопствен производ во Винарија „Киево“.
Одличната дебата и искрено споделените искуства е мотивација за нашите тековни студенти да ги искористат сите можности кои им ги нуди факултетот и агро-бизнис секторот.
Свое обраќање и можност за отворена компанија пред присутните студенти имаше и директорот на МИК - Свети Николе, Алексиос Зисиос (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / www.e-mik.mk). На сите заинтересирани студенти им беше понудена можност за практична настава и вработување.