Земјоделски факултет потпиша Договор за соработка со Технолошко-техничкиот факултет во Велес, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Деканката на Земјоделски факултет, проф. д-р Емилија Арсов, ја потенцираше повеќегодишната заедничка успешна соработка со Технолошко-техничкиот факултет - Велес и врз основа на ова се склучи официјална форма на Договор со деканката, проф. д-р Татјана Калевска.
Досегашната успешна соработка во делот на науката и практичната настава ќе биде продлабочена со заеднички проектни апликации, членови на комисии за истражувања, како и бројни меѓу факултетски активности.
Науката, истражувањата и поддршката кон идните генерации мора да се остварува преку заедничка институционална соработка.