Наставничкиот кадар на Земјоделски факултет континуирано продолжува да се вмрежува и учествува во COST акции.
На 27 септември 2024 година, проф. д-р Даниела Тодевска присуствуваше на координативниот состанок на COST Action CA23123, Non-chemical weed management in medicinal and aromatic plants (MAPs) (weedingMAPs), како член на Management Committee во Брисел, Белгија.
Оваа COST акцијата ќе се спроведува во период од 27.9.2024 година до 26.9.2028 година и стимулира можности за вмрежување на истражувачите и иноваторите низ европските синџири на вредности на лековити и ароматични растенија (MAPs), со цел да се зајакне капацитетот на Европа за справување со научни, технолошки и општествени предизвици, во однос на намалувањето на употребата на пестициди во земјоделството.