Во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела - МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Северна Македонија - ИАРСМ, од 26 до 28 септември 2024 г., во Хотел „Силекс“ - Охрид, се одржа 6. Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2024“.
На истата учествуваа професори од Земјоделскиот факултет, со цел унапредување на вештините и знаењата потребни за имплементацијата на стандардот за квалитет: МКС EN ISO/IEC 17025:2018. На Конференцијата свое излагање имаше проф. д-р Биљана Балабанова, со наслов „Генерални аспекти во истражувањето на предизвиците во дигитална трансформација на лабораториите“, со коавторите проф. д-р Саша Митрев, проф. д-р Верица Илиева и проф. д-р Емилија Арсов.
Воедно, во излагањето беа претставени и имплементирани дигитални алатки во рутинските процеси на работа во Лабораторијата УНИЛАБ - акредитирана лабораторија за тестирање согласно со МКС EN ISO/IEC 17025 при Земјоделскиот факултет, УГД - Штип.