Во склоп на градењето на синергии на научна соработка и промовирање на зелените технологии, проектот „CARBONICA“ успешно беше претставен на 27. Конгрес на СХТМ, кој се одржа во периодот од 25 до 28 септември 2024 г. во Хотел „Метропол“ - Охрид. Научните работници од повеќе регионални земји имаа можност да бидат запознаени со целите на проектот.
Воедно, беа отворени можности за развивање на нови соработки и синергии со слични проекти и иновативни дејности на други научноистражувачки институции. Повеќе информации за проектот може да се најдат на официјалната веб-страница на проектот „CARBONICA“: https://carbonica-hub.eu/