„Практични денови – олеснителна алатка во студирањето и можност за полесна вработливост“ e настанот кој Земјоделскиот факултет го организираше во соработка со компанијата „Лион“ од Свети Николе.

На настанот студентите кои имале летна практична настава ги презентираа своите искуства пред новозапишаните студенти на факултетот, за да им ја доловат важноста на практичната настава. Претставниците на компанијата „Лион“, пак, ги презентираа можностите за ваква настава, но и за професионален развој, кои им се на располагање на студентите.

- Со почетокот на новата академска година, Земјоделскиот факултет ги започнува активностите со студентите, покрај теоретската и лабораториската активност, и практична настава која ја имаат на факултет, ги зајакнуваме врските со агробизнис компаниите кои се отворени за соработка и кои покрај практична настава за студентите нудат и стипендирање. Денешната активност е посветена буквално на практичната настава, студентите да ги споделат своите искуства, како поминале на летната практична настава, што тоа всушност значи за нив и што планираат во текот на семестарот. Студентите имаат можност да посетуваат практични денови во компаниите со цел да го научат полесно процесот на работа во соодветната компанија и полесно да се одлучат по завршувањето на нивните студии каде ќе се вработат. Ова е една олеснителна алатка, една убава можност за сите наши студенти по завршувањето на студиите да може веднаш да се вработат. 

Тоа ни е целта и планот, да го зајакнеме врските со агробизнис компаниите. Денес имаме една компанија, „Лион“ од Свети Николе, која ќе ни се претстави, а веќе во ноември на Денови на млади истражувачи ќе ни се претстават и други компании пред студентитеизјави проф. д-р Емилија Арсов, деканка на Земјоделски факултет.

- Практичната работа е клучен мост помеѓу нашето теоретско образование и реалните работни предизвици. Таа ни овозможува да ги примениме стекнатите знаења и вештини во конкретни компании и да ја почувствуваме магијата како е да се работи, а истовремено да се надградуваме на лично и професионално поле, искачувајќи се полека но сигурно по скалите на успехот. Овој настан не само што не подготвува за нашата идна кариера, туку и ги зајакнува врските помеѓу универзитетот и компаниите, отворајќи нови можности за соработка и поддршка. Како студенти, на овој начин стануваме подготвени и мотивирани да ги искористиме овие можности и да се развиеме како идни професионалци - вели Афродита Волческа, претседателка на Факултетското студентско собрание на Земјоделскиот факултет.

За компаниите, ваквите настани се бенефит, бидејќи носат повеќе можности за регрутирање на кадар кој им е потребен. Ова го потврдува и Бобан Кочовски од Компанијата „Лион“:

- Од големо значење е да се соработува со факултет како што е Земјоделски и да има се соработка со студентите од овој факултет. Тоа е пред сѐ заемна соработка во која ние инвестираме во идните генерации, кои ги креираме за потребите на пазарот, но и за нашите компаниски потреби. Идејата е теоретското знаење да го унапредиме со практичната настава и преку тоа ние да изградиме кадри кои кога би се вработувале, би биле подготвени и би можеле што е можно полесно да се вклопат во нашата или која било друга компанијаизјави Кочовски.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.