Во периодот од 25 до 28 септември 2024 год. во Охрид се одржа 27. Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија со меѓународно учество.
На Конгресот учествуваа и професори и соработници од УГД, меѓу кои научно излагање имаше и проф. д-р Биљана Балабанова од Земјоделскиот факултет. На Конгресот успешно се претставија истражувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Шпанија, Полска, Азербејџан, Германија, Грција, Италија, Русија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија, Чешка, Австрија и др. Професорскиот кадар при Земјоделскиот факултет континуирано е посветен на унапредување на своите научни сознанија како дел од интензивната развојна стратегија на факултетот.