Почитувани наши студенти,

Почетокот на академската година значи стекнување на нови знаења, лабораториска пракса, но и учење од агробизнис компаниите кои веќе се бренд на нашиот пазар и кои несебично ги отвораат своите врати и го пренесуваат целокупното знаење за работа во компанијата.

Како идни наши инженери агрономи, ние се грижиме додека студирате да го научите процесот на работа во компанија која е вашиот предизвик.

Како резултат на ова, започнуваме во новата академска година со нашите заеднички активности.

Првиот настан организиран за вас студентите е со поддршка од нашата партнер-компанија „Лион“ од Свети Николе.

Визијата на компанијата е постојано зголемување на задоволството на клиентите, чекор напред кон квалитетот во однос на конкуренцијата, инвестиции во развој на нови технологии и знаење. Постојано отворени за соработка и за обука на нови млади инженери кои својот пат од образованието ќе го продолжат во оваа компанија.

Кои се можностите што ги нуди компанијата „Лион“ ДОО од Свети Николе дознајте повеќе на нашиот заеднички настан што ќе се одржи на 9 октомври со почеток во 10 ч. во свечената сала на Земјоделски факултет.

„Практични денови – олеснителна алатка во студирањето и можност за полесна вработливост“

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.