На 2 октомври (среда), Земјоделскиот факултет организираше прием на новозапишаните студенти во свечената сала на Факултетот и беше одржан поздравен говор на првиот академски час од страна на деканката на Земјоделски факултет, проф. д-р Емилија Арсов:

Секој октомври е месец кој симболизира свеж почеток, нова академска година, година на неограничени можности. Трудете се да го искористите и соберете целото знаење и искуство што ќе ви го предадат секој од професорите, кои имаат богато искуство кое несебично ќе го споделуваат со вас во текот на академските години кои се пред нас. Студирањето на УГД значи стекнување на квалитетно теоретско знаење, многу лабораториски вежби и практична настава, практични денови и летна пракса за нашите студенти. Договорите со агробизнис компаниите постојано се прошируваат за да можеме да ги задоволиме интересите, желбите и потребите на вас студентите - се обрати деканката на Земјоделски факултет, проф. д-р Емилија Арсов.

Продеканката за настава, проф. д-р Биљана Балабанова, пред бруцошите ги презентираше условите за студирање, електронскиот систем, достапноста на материјалите за учење во е-библиотеката, како и студентските размени кои ги нуди Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Нашите студентки, Ана Голчева, апсолвентка на студиската програма Фитомедицина и Афродита Волческа, претседателка на Факултетското студентско собрание и студентка во IV година на универзитетската студиска програма Биологија, искрено ги споделија своите студентски доживувања и упатија мотивациски пораки кон новата генерација на студенти. 

Среќно и успешно студирање, драги наши бруцоши. Од денес започнуваме заедно да го пишуваме поглавјето во вашата животна книга „Убавината на студентските денови“.

Бидете упорни, трудољубиви, вредни, жедни за повеќе знаења и испишувајте многу страници на кои ќе бидете горди вие, а и ние ќе ја оствариме нашата поставена цел - да создаваме идни инженери агрономи кои ќе бидат лидери во производството на здрава и квалитетна храна.

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.