Претставници од Земјоделски факултет учествуваа на Работно-иницијативниот состанок на претставници од науката и бизнисот за претстојната Научно-агробизнис конференција „АГРО МАК 2025“, во рамките на Седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и Третиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК“, кој се одржа во Куманово.

Темата на состанокот беше „Органска и функционална храна - иднината на Македонија и регионот на Југоисточна Европа“.

На работниот состанок учествуваа претставници од факултетите и научни институции од Македонија, Србија, Република Српска, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и др., како и компании, земјоделски задруги и земјоделци од споменатите земји.

Свое поздравно обраќање до присутните и благодарност до организаторот, г. Драган Цветковиќ, имаше деканката на Земјоделски факултет при УГД, проф. д-р Емилија Арсов, која го потенцираше значењето на состанокот во рамките на саемските манифестации, каде што спојот меѓу науката и агробизнис секторот уште еднаш ќе го потенцираат значењето на производството на храна, но и ќе се сподели искуство и знаење со колеги од соседните земји за состојбата со производството на храна, како и учеството на младите во производниот процес.  

Од работниот состанок, по предлог на проф. д-р Љупчо Михајлов, произлезе иницијатива за организација на конференција која на едно место ќе ги спои науката и агробизнис секторот од областа на органското производство.

Седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ промовира најквалитетни органски производи и ги поддржува одржливите земјоделски практики.

„АГРО МАК“ е трето издание на Меѓународниот саем за земјоделство, технологии, храна и преработка и модерни технологии за унапредување на земјоделскиот сектор и технологиите за прехранбената индустрија.

Седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и третото издание на Меѓународниот саем за земјоделство, технологии, храна и преработка и модерни технологии „АГРО МАК“ се одржаа во периодот од 27 до 29 септември 2024 г.

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.