Во рамките на проектот „Германија – Западен Балкан – Дијалози за земјоделска политика во 2024 година“, како номиниран национален експерт за органско земјоделство во Република Северна Македонија, со поддршка од канцеларијата – Секретаријатот за регионален рурален развој, на постојаната работна група (SWG) за Југоисточна Европа со седиште во Скопје, проф. д-р Љупчо Михајлов од Катедрата за растително производство на Земјоделскиот факултет беше дел од агендата на Втората интернационална конференција за органско земјоделство во Косово, одржана во Приштина на 23 септември 2024 година.
Проф. д-р Љупчо Михајлов учествуваше со презентација со наслов „Органскиот сектор во Северна Македонија – тековна состојба, предизвици и политики на Владата за поддршка на секторот“.
На Конференцијата, освен официјалната презентација, беа остварени и повеќе неформални средби со повеќе претставници на институции поврзани со секторот Органско земјоделство од Косово, Црна Гора, Албанија, Швајцарија и Србија, со цел запознавање, поврзување и остварување на идни можни соработки.