Во периодот од 5 до 7 септември 2024 год., проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, како дел од Core-групата и менаџерскиот тим на COST акцијата CA22161 Future of plant-based food: Bridging the gap of new proteins and FLAVOURsome, учествуваше на Првата работилница и Вториот координативен состанок на оваа акција.

Настанот се одржа на Факултетот за науки при Универзитетот во Порто, Португалија. Целта на настанот беше да се воспостават ефективни соработки помеѓу истражувачите и индустријата и да се поттикнат иновации во областа на вкусовите на храна од растително потекло, како и збогатување на храната со протеини од растително потекло. Во рамки на настанот беше организирана посета на локална винарска визба и дегустација на португалски вина произведени со специфична технологија типична за винскиот регион на Порто.

Сите заинтересирани студенти, професори и соработници може да се приклучат во работните групи на оваа COST акција, при што ќе имаат можност да аплицираат за различни грантови во рамки на акцијата.

Сите потребни информации во врска со акцијата може да се најдат на следниов линк: https://flavoursome.eu/

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.