Во периодот од 7 до 12 јули 2024 год., проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос учествуваше на 22. Интернационален симпозиум и Летна школа за биоанализа.
Симпозиумот се одржува традиционално секоја година како дел од активностите на CEEPUS мрежата Teaching and Learning Bioanalysis, чиј координатор за Универзитетот „Гоце Делчев“ е проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос.
На Симпозиумот проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос учествуваше со:
- усно пленарно предавање со наслов „HPLC- ESI-Q TRAP-MS/MS анализа на флавоноиди и нефлавоноиди во црвено вино“ („HPLC- ESI-Q TRAP-MS/MS analysis of flavonoids and nonflavonoids in red wine“) и
- постер-презентација со наслов „Rapid analysis of Stanušina wines using a fourier-transform infrared spectroscopy“ („Брза анализа на вина од сортата станушина со примена на инфрацрвена спектроскопија со Фуриева трансформација“).
Галерија
program_22nd_ssba_20240628_2.pdf