Проектот CARBONICA (EU-HORIZON) успешно беше презентиран на IV меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“, одржано на 13.6.2024 г. на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип.
Воедно, тимот на УГД, претставуван од проф. Верица Илиева, зеде директно учество како модератор на панел-сесија под наслов: „Примена на прецизни земјоделски практики: состојби и можности“. Сесијата беше отворена со пленарно предавање од м-р Благоја Муканов од „АгФУТУРА ТЕХНОЛОГИИ“ – Скопје, којшто имаше екстензивно излагање под наслов „Дигитални технологии – исчекор кон новата ера на земјоделски практики во балканските земји“.
Посебен акцент во излагањето беше ставено на технологиите применети во проектот CARBONICA како значаен исчекор во промоцијата на новата ера на земјоделски практики во јаглеродно земјоделие.
Панел-сесијата овозможи квалитетна и конструктивна дискусија со присутните за моменталната состојба, можностите и потребите од воведувањето на нови технологии во земјоделството.
Меѓу присутните беа претставници на земјоделски стопанства и фирми, претставници од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници на невладиниот сектор, студенти и универзитетски професори.