Во периодот од 7 до 9 август 2024 г. во Солун, Грција, беше организирана Обука за напредни лабораториски методологии за анализа на почва во склоп на предвидените активности по проектот CARBONICA.

Организатор на обуката беше Интербалкан центар за животна средина (Interbalkan environment center: i-BEC), партнер-институција во проектот CARBONICA. Претставници на Земјоделскиот факултет при УГД, како партнер-институција во проектот, беа активни учесници на организираната обука, и тоа проф. д-р Биљана Балабанова, Кристина Панев и Иван Донев.

Во склоп на тридневната обука беа реализирани поголем број активности, вклучувајќи: претставување на истражувачките капацитети на институцијата, методолошки обуки за одредување на физичко-хемиски карактеристики на почвите со посебен акцент на примена на современи технологии за одредување на јаглеродот во почвата.

Покрај лабораториските методологии, обуката содржеше и унапредување на вештини за ракување со почвени примероци и теренски активности за примена на агрономска иновативна опрема (CARBONICA toolbox). Во склоп на обуката беше реализирана и посета на опитните парцели на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Аристотели“ во Солун, Грција.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.