Во периодот од 20 до 23 јуни 2024 г. на Земјоделскиот факултет, Оддел за ветеринарна медицина при Универзитетот во Нови Сад, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на медитеранската федерација за здравје и продуктивност на преживните животни - 26TH INTERNATIONAL CONGRESS OF THE MEDITERRANEAN FEDERATION FOR HEALTH AND PRODUCTION OF RUMINANTS (FeMeSPRum2024). Како дел од програмскиот одбор на Конгресот, со усна презентација по покана активно учествуваа проф. д-р Димитар Наков од Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Неговото учество на Меѓународниот конгрес на медитеранската федерација за здравје и продуктивност на преживните животни (FeMeSPRum2024) финансиски беше поддржано од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип преку Програмата за индивидуална поддршка на научната активност на наставниците и соработниците на единиците на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Во рамки на Конгресот првиот ден се одржаа две работилници. Првата работилница беше на тема „Производство на готови микробиолошки хранливи подлоги и медиуми за транспорт на вируси“. Втората работилница беше на тема „Примена на биосигурносни мерки на фармите за преживни животни и стратегија за комуникација со фармерите“. Една секција од втората работилница беше модерирана од страна на проф. д-р Димитар Наков од Земјоделскиот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Предавањето по покана на проф. д-р Димитар Наков беше на тема „MATHEMATICAL MODELING AND MACHINE LEARNING PREDICTION FOR PREVALENCE DYNAMICS OF CLINICAL MASTITIS IN DAIRY HERDS“.
Проф. д-р Димитар Наков за одржаното предавање беше награден за презентирање на научни резултати со највисок квалитет на одржаниот Конгрес.